Ученик избоде со нож професорка во Франција

Професорка била избоденасо нож во Франција. Поточно средношколец до смрт ја избол професорка по шпански јазик во училиште во францускиот град Сен Жан де Луз, јавува Би-би-си. Локалниот обвинител Џером Бурие го потврди нападот за новинската агенција АФП, а локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил за време на час денеска наутро.

Професорката имала педесет години и починала од срцев удар кога брзата помош пристигнала на местото на настанот, јавуваат локалните медиуми.

Францускиот весник „Суд Кест“ пишува дека напаѓачот влегол во училницата додека професорката по шпански предавала и ја нападнал.

 

Претходна вестШок-бомба пронајдена пред деловен објект во Охрид
Следна вестНеактивноста предизвикува 10.000 предвремени смртни случаи годишно во ЕУ