Исчезнат маж пронајден во телото на ајкула

Остатоците од мажот кој исчезна на почетокот на месецов во Аргентина се пронајдени во утробата на ајкула, пишува „Скај Нјуз“. Диего Бариа, 32-годишен татко на три деца, последен пат бил виден на 18 февруари како го вози својот џип во близина на брегот на јужната аргентинска провинција Чубут.

Во неделата рано наутро, двајца рибари пријавиле на локалната крајбрежна стража дека фатиле три ајкули во близина на местото каде што било пронајдено возилото на Бариа. Даниела Милатруз, офицер задолжен за потрагата по него, за локалните медиуми изјави дека рибарите рекле дека „кога ги чистеле ајкулите, во една од нив пронашле човечки останки“.

– Семејството Барие го препозна благодарение на тетоважата што беше видлива на еден од остатоците од телото, додаде таа. Ќе следи ДНК анализа за да се потврди идентитетот на мажот.

Оштетеното возило на Барие беше пронајдено на плажа во близина на Рокас Колорадас два дена откако исчезна. Полицијата се уште не знае што точно се случило.

– Претпоставуваме дека Диего доживеал сообраќајна несреќа и завршил во морето, а бидејќи тој викенд имало плима, телото најверојатно го одвлекле ајкули, соопшти полицијата.

Претходна вестСе одложи судењето на Жан Митрев, ново рочиште на 5-ти април
Следна вестКазнети 202 лица, не ги почитувале сообраќајните правила и прописи