Aдвокатот Димитрија Цобоски, бранител на Илија Спасески, обвинет за физички напад врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб во Охрид негира дека нападат врз Пендиков бил етнички мотивиран. Според него целиот овој настан е исполитизиран.
– Како може да биде напад од омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани во големата бродска несреќа? Тој е воспитан во дух секого да сака и најмалку да мрази кого било. Сега размислете дали може да биде напад од омраза или пак на овој случај му се дава еден политички акцент, призвук, кој се исполитизира до страшни граници, што е особено штетно за целата постапка. Ова е чисто политичка работа, рече адвокатот Цобоски.
На прашање што бил мотив за тепачката тој рече дека мотивите за кои се товари треба да ги докаже обвинителот.
Цобески истакна дека мотивот за тепачката ќе го кажат во понатамошниот тел од судењето.
Рочиштето за претепувањето на Пендиков се одложи по 20 минути од почетокот, по барање на адвокатите на обвинетиот Спасески да им бидат доставени сите докази со кои Обвинителството ќе докажува вина пред судот.