Скопскиот фудбалски прволигаш Македонија Ѓорче Петров го назначи денеска Горан Симов (47) за нов тренер на местото на Муарем Бајрами, кој во петокот поднесе оставка на должноста.
Симов се враќа во клубот во кој од 2005 до 2008 настапуваше на голманската позиција и со тимот од Ѓорче Петров го освои трофејот во македонскиот Куп во 2006.
Симов има уште еден куп трофеј како на тренер на Силекс, а во кариерата го предводеше и скопски Вардар.Македонија ЃП е седмопласирана на табелата во Првата македонска фудбалска лига со 26 бодови пред следниот натпревар, в сабота, против Тиквеш на гостински терен.