Арсовска: Отпочнува постапката за изградба на новиот Луна парк

Почеток на постапката за изградба на новиот Луна парк најави денеска скопската градоначалничка Данела Арсовска.

-Во овој момент откако се добиени сите документи се отпочнува најпрвин постапката на тоа да се обезбедат дополнително бројот на реквизити, расчистување на теренот и поставување на постаментите и изградба на сето она кое што како инфраструктура треба да биде обезбедено за предмонтажата на реквизитите, наведе Арсовска во изјавата за медиумите.

Таа рече дека нема да го прекинат проектот на претходното градско раководство.

– Од претходното раководство беше отпочнато со изработка на проект, ние како што кажавме, ништо од она што било отпочнато да се прави, нема да го прекинеме. Го прифативме самиот проект. Проектот беше во завршна реализација и беше доставен до градот Скопје, дури минатиот месец од својата изработка. Тука исто така имаше и еден процес којшто како таков опфаќаше обезбедување на неопходните дозволи од страна на ресорната општина, а тоа е општината Карпош за да може да се обезбеди и формално правна можност таму на тоа место да се отпочне со градба, појасни Арсовска.

Каки што нагласи таа, недостатоците се отстранети.

– Секако имаше забелешки и од ревизијата за начинот на којшто тие постапки се воделе во претходните мандати од аспект на тоа дека не било овозможувано градбата да отпочне, со самото тоа што на таа позиција имало некои објекти и лица коишто имале соодветни договори за закуп. Сега сите тие ако можам така да кажам недостатоци се елиминирани и практично се отпочнува со изградбата на новиот Луна парк, додаде Арсовска.

Луна паркот почна да се гради во април 2017 година по идеен проект изработен од „Билд урбан“ ДООЕЛ Скопје, а за изведувач на градежните работи беше избрана фирмата „Жикол“. Тогашниот градоначалник Коце Трајановски кажа дека ќе биде на површина од околу 25.000 квадратни метри и со изградбата нема да се зема од зеленилото од Градскиот парк. Трајановски кажа дека тој ќе чини 6,5 милиони евра и ќе се гради етапно. Но, неговиот наследник Петре Шилегов реши Луна паркот да се прави по сосема нов проект. Во предизборна кампања за локалните избори, на кои тој загуби од Данела Арсовска, тој промовира сосема нов проект.

Претходна вестДобиен грант за скопската пречистителна станица: 70 проценти од отпадните води ќе може пак да се користат
Следна вестПоради јазовците прекинат железнички сообраќај во Холандија