Кочанец дрогата ја криел во мешалка за бетон

На кочанец му е oпрeделен притвор поради неовластено производство и промет на наркотици. Тој дрогата ја криел во мешалка за бетон која се наоѓала во дворот на куќата од неговиот дедо

– Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во семејна куќа во Виница, во сопственост на неговиот дедо, осомничениот кочанец држел 104,54 грама наркотична дрога марихуана и помало количество психотропна супстанција 3,4 – метилен диоскиметамфетамин. Најголемиот дел од дрогата ја криел во барабанот на мешалка за бетон поставена пред влезната врата во подрумските простории на куќата. Во неколку наврати дрогата неовластено им ја продавал на зависници од Виница. При претресот во куќата биле пронајдени и пет исушени, соголени и искршени гранчиња канабис, се вели во соопштението на полцијата.

Нему му е одреден притвор во траење од 30 дена, известуваат надлежните.

Претходна вестМалолетник обвинет за тероризам, испраќал заканувачки пораки
Следна вестНБМ ја затегнува монетарната политика: Каматната стапка на благајничките записи стаса до 5,50 проценти