Максим Илковски тријумфира и на филмскиот фестивал во Турција

Младиот македонски режисер Максим Илковски со својот филм “Кажи ми дека сме за стварно” освои прво место на интернационалниот филмски фестивал во Турција МИЛАСА ФИЛМ ФЕСТИВАЛ. Наградата е добиена во категорија на Студентски филм.

Ова е втора највисока награда која ја освои со овој негов студентски филм.

После успехот во Индија и освојувањето на прво место на тамошниот филмски фестивал во Калкута, тој доби покана да учествува на филмскиот фестивал во Турција.

Студентскиот филм “Кажи ми дека сме за стварно”, подготвен за време на пикот од короната 2020, минативе месеци филмот беше прифатен да се екранизира во официјалната селекција на фестивалите: Liber Films International Festival 2023 – одржан во Шпанија, Hercules Independent Film Festival 2023 – одржан во Атина, KineNova 2023 – одржан во Скопје и Кино Мирно лето кинотека 2021 Скопје.

Претходна вестКалин Ивановски со скок од пет позиции на АТП листата
Следна вестМитрополит Наум: Имаме 99,5 проценти номинални христијани кои не ни одат во Црква