Жичарницата на Водно од денеска ќе работи до 20 часот

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, соопшти денеска ова градско претпријатие.

Жичарницата на Водно од денеска, пак, ќе работи од 10 до 20 часот.

– Од мај жичарницата работи два часа повеќе од изминатиот период, односно од 10 до 20 часот, согласно одлуката за работното време за период мај – септември. Од 19 – 19.30 часот е последното возење од долу нагоре, а во 19.45 часот ќе биде последното возење од горе надолу, објави ЈСП.

Претходна вестВо Струга му ја украдоа бистата, во Скопје остана без име…
Следна вестМД „Илинден“ – Тирана почна кампања „Главата горе – изјасни се дека си Македонец“