На покана на Димитар Ковачевски, претседателот на Владата на Македонија, в среда во Клубот на пратениците во Скопје ќе се одржи средба меѓу Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-На средбата ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи, соопшти секторот за односи со јавноста на Владата.