Намален бројот на склучени, но и на разведени бракови

Минатата година во земјава биле склучени вкупно 12.882 брака, што е за 2.4 отсто помалку од претходната година. соопшти Државниот завод за статистика.

Најмногу бракови, 1.851 или 14.4 проценти, се склучени во месец август, а најмалку во ноември, 761 брак или 5.9 отсто. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.7 проценти за жените и 93.2 отсто за мажите. Во втор брак со учество од 6.3 отсто и трет брак со учество 0.5 проценти, во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2022 година, најголем број бракови 4.263 или 33.1 проценти кај жените и 4.721 брак или 36.6 отсто кај мажите се случиле во старосната група од 25 до 29 години.

Просечната возраст при склучување на прв брак е 27.4 години за невестата и 29.9 години за младоженецот.

Бројот на разводи, пак, во 2022 година бележи намалување од 17.9 отсто во споредба со 2021 година и изнесува 1.613 разведени брака.

Најмалку бракови, 38 или 2.4 проценти во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу 195 или 12.1 отсто во месец март.

Според возраста, најголем број на разводи  298 или 18.5 отсто кај жените и 281 развод или 17.4 проценти кај мажите се случиле во истата  старосната група  од 30-34 години.

Според траење на баракот, најмногу разводи 360 или 22.3 отсто се случиле од 5 до 9 години по склучување на бракот.

Претходна вестКовачевски-Мицкоски в среда на средба во Клубот на пратениците
Следна вестЗлатко Јаќоски, освојувач на Монт Еверест: Температурата беше -30°С, тројца шерпаси загинаа, еден момент помислив дека нема да успеам, но…