Иако односите помеѓу Русија и САД не се на добро ниво, сепак двете големи сили одлично соработуваат кога е во прашање вселената. Имено, двајца Руси и еден Американец полетаа со руско летало од космодромот Бајконур во Казахстан до Меѓународната вселенска станица. Станува збор за космонаутите на Рокосмос Олег Кононенко и Николај Чуб и астронаутот на НАСА Лорал О’Хара.
О’Хара ќе помине шест месеци на станицата, а Кононенко и Чуб ќе останат таму една година.
Тројцата космонаути требаше да заминат во вселенската станица минатата пролет, но нивната првична капсула послужи како придружба за друг екипаж. Вториот екипаж – исто така двајца Руси и еден Американец – се враќа дома на Земјата кон крајот на овој месец.
Нивниот престој беше продолжен од шест месеци на една година бидејќи нивната капсула Сојуз испушти течност за ладење додека беа на станицата.
Според НАСА, кога командантот на мисијата Кононенко ќе го заврши својот престој во вселената, тој ќе постави рекорд како човек кој поминал најмногу време – повеќе од илјада дена – во вселената.