Зајкова: Недозволиво е граѓаните да штедат, а политичарите и институциите да живеат како да е благосостојба

Недозволиво е граѓаните да штедат, а политичарите и институциите да живеат како да е благосостојба, порача претседателката на Либерално-Демократската партија, Моника Зајкова на тематската конференција на партијата „Секој е важен! Овде и сега.” која се одржа вчера во Скопје.
Таа најави дека ЛДП, која е дел од владината коалиција, ќе одржи серија средби со граѓаните за да заедно со нив се изработи програма на партијата за парламентарните избори.
-Ние ќе се бориме за намалување на бројот на министерства и други органи, 90 наместо 120 пратеници во Собранието, Македонија една изборна едница со отворени листи за избор на пратеници и советници за поквалитетни претставници на граѓаните, намалување на паушалите на членовите во управните и надзорните одбори, изборот на Претседател на државата да се врши во Собранието со 2/3 мнозинство, што ќе значи надминување на многу проблеми, пазарења но и финансиска заштеда, рече претседателката Зајкова.
Таа додаде дека е неопходно е финансиско стимулирање на лекарите – плаќање по учинок, недозволиво е граѓаните да молат од улица за својот живот, затоа предлагаат ревитализација на Фондот за здравствено осигурување преку формирање на пакет на здравствени услуги достапни за сите граѓани, нови современи лекови на позитивна листа, одржлив пензиски фонд, укинување на економските директори во здравствените установи.
-Доста ни е од козметика во правосудството. Мора да се воведе забрана за вршење на дејност за судиите и јавните обвинители кои ја злоупотребиле позицијата и допуштиле системот да стимулира неправда и неказнетост. Поделбата на власта како принцип мора да се почитува од секого. За ова мораме да се избориме, рече таа.
Зајкова рече дека мора го подготвиме системот за ефикасна проверка на целиот недвижен и подвижен имот на сите сегашни и поранешни функционери. Претседателката на либерал-демократите посочи дека е неопходно зголемување на финансиските средства на општините, субвенционирање на бизниси основани во рурални области, викенд без ДДВ, намалување и укинување на банкарските провизии и трошоци.

Претходна вестИванов школата за млади лидери потпиша договор со Универзитетот Тексас – Тајлер од САД
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Владата плаќа 40  милиони евра на фирма водена од странски конзул