Градот Скопје го реконструира натпатникот на булеварот Александар Македонски за прв пат откако истиот е изграден, соопштија денеска градските власти.
Во информацијата се додава дека тоа е во рамките на проектот на Градот Скопје во соработка со Јавното претпријатие Улици и патишта за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје.
-Во близина на овој натпатник се наоѓаат основно училиште и други објекти, при што е реализирано барањето на граѓаните кои секојдневно го користат овој пешачки мост, за овозможување услови за нивно побезбедно движење, се наведува во информацијата.
Дел од мостовите и натпатниците како повеќедецениски предизвик и покрај потребата не се санирани, а неопходни се реконструкции на коловози, тротоари и огради, со што значително ќе се придонесе за зголемување на безбедноста.
-Со системско следење на надлежностите ќе се постигнат позитивни резултати, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување, наведувата од Градот Скопје.