Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05 отсто, денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се намалуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,447 ден/кг и ќе изнесува 48,715 ден/кг.
Со тоа, од ноќеска на полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 85,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 48,715 (денари/килограм).