Е како сега видоа дека има фалинка во предлог Кривичниот законик?

Власта се предомислува околу новиот Кривичен законик. Сега се посолува дека немало да се дозволи неказнивост за злоупотреба на службената должност при јавни набавки.

-Тоа ќе се регулира со посебен член. Ова е ставот на работната група која подготвува нов Кривичен законик, изнесен од академик Владо Камбовски.

А само што пред неколку дена беше кажано друго. Зошто ништо не се прави темелно околу овој важен закон? Како да се остава да се види „ако реагира-негодува јавноста ќе преправиме, ако не реагира терај добро е“.

Инаку, со неодамнешните измени на Кривичниот законик отпадна досегашниот став 5 од член 353 од КЗ, кој гласеше: „Ако делото од ставовите (1) и (4) е сторено при вршење јавни набавки или штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку пет години“.

-Сигурно дека ќе инсистираме на она што е наш предлог како работна група, посебно за делото 353 за кое во новиот текст, точно, избришан е ставот 5 кој стана проблематичен, но затоа е дадено едно посебно кривично дело на злоупотреба на службената должност при вршење на јавни набавки. Така што, ако се избрише ставот 5, мора да оди тоа кривично дело, инаку би останала една тешка форма на злоупотреба. Не дека нема да е казнета, тогаш сторителот ќе одговара за општото дело на злоупотреба, но нема да биде тоа дело одмерено, односно, вината на сторителот одмерувана според степенот на штетноста, односно, со построга казна. Така што, не ќе може да остане вака како што е, да виси, значи да нема сега потешко казнување за злоупотреба при вришење на јавни набавки, изјави Камбовски.

Сето ова оние што го правеа претходниот предлог закон не го увидоа? Да не се слуши наскоро пак да се менува законот поради друга фалинка?

Во Македонија пречесто се менуваат законите или се надополнуваат за да биле подобри. Во Македонија пречесто едни исти луѓе пишуваат закони, а потоа неретко истите и ги преправаат.

До кога вака? Па нели велат дека се прави квалитетна реформа на судскиот систем?

 

Претходна вестСпонтаните физички активности го намалуваат ризикот од срцев и мозочен удар
Следна вестНе се изморија: И денеска продолжуваат партиските препукувања преку соопштенија