Македонски увозник се обидел да прошверцува крос мотори

Македонски увозник се обидел меѓу пријавена стока за царинење да криумчари и крос мотори и некои други производи. Вкупната вредност на стоката била 473.632 денари.

Меѓу непријавената стока се четири употребувани мотоцикли со вредност од 392.285 денари, како и брусалка, бор машина, гуми за крос мотори, гуми со алуминиумски бандажи, метален сеф, пневматски пиштол, скара и котури гумени црева во вредност од 81.347 денари. Обидот за криумчарење е откриен од страна на царинските инспектори од мобилниот тим на Царинска управа при детална контрола на камионот кој се пријавил за увозно царинење на царинската испостава Тетово.

Стоката не е декларирана во царинската увозна декларација, ниту е пријавена во приложената фактура од страна на увозникот.

Непријавена стока е одземена, а против увозникот ќе биде поднесена пријава за кривично дело криумчарење согласно член 278 од кривичниот законик.

Претходна вестНе се изморија: И денеска продолжуваат партиските препукувања преку соопштенија
Следна вестБраво: Нов голем успех на Дејан Георгиевски, освои Злато во Тирана