Браво: Нов голем успех на Дејан Георгиевски, освои Злато во Тирана

Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски стигна до нов златен медал, откако беше најдобар на Г1 Тирана Опен во Албанија. Сребрениот олимпиец од Токио беше доминатен на турнирот во Тирана. Прво беше сигурен против Филипов Александар од Израел, додеака во големото финале славеше над Французинот Ел Омар, со 2:1.

Со овој медал Георгиевски уште еднаш потврди дека и оваа година е во одлична форма. Претходно, го освои сребрениот медал на Европските игри во Полска.

– Силен чекор напред кон нова блескава историја за македонскиот спорт, ЛОИ во Париз 2024, стои во објавата на Теквондо федерацијата на Македонија.

Претходна вестМакедонски увозник се обидел да прошверцува крос мотори
Следна вестВо Скопје денеска почнува фестивалот Бук стар