Растовар на столчиња од возилото на Брза помош за потребите на едно казино во Тетово е забележано на снимката којшто денеска се појави на социјални мрежи. На видеото коешто се споделува се гледа како едно лице од комбе возилото, наменето за транспорт на пациенти, вади повеќе столчиња и ги реди пред влезот на казиното.
Не е познато кога е снимено видеото, ниту пак од кои причини за оваа намена се користи возилото на Брза помош, кое во скеој момент треба да биде на располагања за медицински интервенции. Едно од видеата е постирано и на порталот ТетоваСот.