Две лица се повредени во Сообраќајна несреќа што се случи денеска на булеварот „Јане Сандански“ во скопски Аеродром. На пешачкиот премин, беше оставен автомобил „бмв“ со скопски таблички, паднат велосипед и празна количка за бебе.
– Денеска околу 10.10 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистерски таблички, управувано од С.С. (58) од Ресен и велосипед управуван од малолетник, по што од ударот по инерција велосипедот удрил во Б.И.М. (37) количка за дете, во која имало дете, информираат од МВР.
На велосипедистот и детето им е укажана лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување.