Полицијата во изминатото деноноќие казни 333 возачи во Скопје, од кои 119 за брзо возење, 24 мерки за возење без возачка дозвола… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 333 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 119 санкции, 24 мерка за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло. Изречени се 18 мерки за користење мобилен телефон при возење, 16 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…, информираат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.