Водно е белите дробови на Скопје. Ова сите го знаеме, ама скоро никој не прави ништо тие бели дробови да се здрави. Се повеќе се гради на неговите падини, се повеќе ѓубре се расфрла, а го нема и потребното пошумување.
На Водно вчера се сети градоначалничката Данела Арсовска. Таа заедно со екипи од скопските јавни претпријатија, со засадување дабови дрвја, ја најавија големата еколошка акција за пошумување на парк-шумата Водно.
– На Средно Водно неделава се садеа дабови стебла, со што започна големата еколошка акција, каде ќе учествуваат повеќе од 500 учесници, во која на два хектари земја ќе бидат засадени 120 стебла костен и 400 стебла зимзелени садници, наведуваат од Град Скопје, додавајќи дека ќе се продолжело со акцијата до крајот на месец март.
Убаво. Но, да се разбереме, на Водно ми требаат ијадници и илјадници нови садници. А за тоа треба сериозна и сеопфатна работа, а не акција која случајно се поклоопи со предизборието. Впрочем, градоначалничката Арсовска во едно друго предизборие вети садење на 100.000 дрвја во Скопје секоја година.