Денеска е пристигната дојава за поставена бомба во основното училиште „Братство – единство“ во Охрид. Од извори во училиштето дознаваме дека откако била добиена дојавата, за кратко време сите ученици биле евакуирани. Според нашите извори, во моментот кога е добиена дојавата за поставена бомба, немало многу присутни ученици во училиштето.
Иако се создала мала паника кај учениците, брзо траела нивната евакуација, а после нив и профеосорите си заминале дома.
Патот кој води кон училиштето е затворен за сообраќај, а полицијата детално врши проверки во и околу училиштето.