На магистралниот пат кон ГП „Блаце“ после тунелот кај м.в.Враживир има превртен камион на коловозот, известува Авто-мото сојуз на Македонија.
-Сообраќајот на магистралниот пат е во прекин во двата правци, се наведува во информацијата.
Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.