Педесет и едногодишен жител на гостиварско село, во полицијата пријавил дека бил измамен откако на едно лице во два наврати му дал вкупно 1.600 евра за да добие возачка дозвола, без притоа да го полага возачкиот испит.
Тој рекол дека се договорил со лице да му ја обезбеди дозволата, но тоа не се случило, па останал и без пари и без возачка.
Се расчистува и документира случајот.