Четириесетгодишен битолчанец неоќеска е приведен од страна на полицијата откако оштетил влезна врата на едно казино во Битола.
Полицијата соопшти дека на 19.03.2024 во 00.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.К.(40) од Битола.
-Тој се сомничи дека на 18.03.2024 околу 23.35 часот со трактор оштетил влезна врата на казино во Битола, како и неколку столбчиња од парк пред влезот на казиното.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ова е нов инцидент во кој мета на нападот е некое од бројните кзина во Битола. На почетокот на месецов лицето Т.Т. (35) од Долно Оризари, кој наводно изгубил голема сума пари, со запалива течност предизвикало пожар во казино на ул. „Лазо Трповски” во Битола.
Фото: Илустрација