Матичниот лекар Ацо Трповски не бил убиен во неговиот автомобил туку на друго место коешто треба допрва да го утврдиме, изјави дополнителниот заменик министер на МВР – Митко Бојмацалиев за „Слободен печат“.
-Во месец дена на територија на СВР Скопје има два немили настани, убиството на лекарот Ацо Трповски и пукањето во Арачиново. Имавме приведено три лица, но лицата се пуштени на слобода поради недоволни докази. Според наши сознанија лицето не е убиено во автомобилот туку е донесено телото и оставено во автомобилот. Не се откриени мотивите за убиството, вели Бојмацалиев.