Скопје е познато место по сообраќајната некултура. Дел од скопјани никако да научат што е црвено на семафоир, што е возачка дозвола, колку брзо треба да се вози…
Од МВР ги „потсетуваат“ на тоа со контроли на улиците. така било и вчера.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 23 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, соопштуваат од полицијата.
Бројките изгледаат големи, но се наметнува прашањето – дали треба да се засилат контролите? На улиците има премногу сообраќајна некултура.