Мечка нападнала стадо и изела шест овци во гостиварското село Равен

Напад извршен од мечка врз стадо со овци во гостиварско се случил пред два дена, соопшти денеска Центарот за управување со кризи. ЦУК информриа дека на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад извршен од мечка врз овци во гостиварско.

-Конкретно, вчера, во 20:45 часот е добиена пријава за убиени и изедени овци во с.Равен (Општина Гостивар)“, соопшти ЦУК.

Пријавителот информирал дека пред два дена, на 11 јуни во вторникот, мечка му убила и изела шест овци.

Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на село Равен.

-По пријавата во ЦУК, на терен излегле од ПС Гостивар. По утврдувањето на состојбата на терен ќе се преземат следни чекори од надлежните министерства, институции, јавни претпријатија и Општина Гостивар, информираат од ЦУК.

Претходна вестМечка нападнала стадо со овци во Гостиварско
Следна вестСе бореше за Македонија, со „Бели мугри“ го прослави македонскиот збор, пред 81 година убиен Кочо Рацин