Виничанец доби кривична пријава поради коментар на интернет

Триесет и тригодишен виничанец доби кривична пријава поради коментар на интернет, информира полицијата.

МВР соопшти дека СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Д.(33) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

-На 12 март по објавена вест на интернет портал, пријавениот напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и дискриминација, информираат од МВР.

Претходна вестСе бореше за Македонија, со „Бели мугри“ го прослави македонскиот збор, пред 81 година убиен Кочо Рацин
Следна вестСедум пожари на отворено изминатите 24 часа во државата