Денеска (10.7.2024), од 10.30 до 16.30 часот, на подрачјето околу плажата „Бафало бич“ во Охрид, припадници на Баталјонот за специјални сили на Армијата на РСМ ќе реализираат вежбовни активности со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.
Активностите се во рамките на финалната подготовка за утрешната тактичко-техничка показна вежба на Баталјонот за специјални сили на Армијата – препад на пловен објект и командно место, што ќе се реализира во 9 часот на истата локација.
Во вежбата ќе биде вклучен и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата.
Затоа, се апелира граѓаните што сакаат да ја проследат вежбата од означените места да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан.