Секторот за компјутерски криминал при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 12 лица, од кои 10 лица државјани на Република Северна Македонија и две лица државјани на Р .Косово за сторено кривично дело издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка, предвидено и казниво по член 274 ст. 2 од КЗ и кривично дело соизвршителство, предвидено и казниво по член 22 од КЗ, а во врска со член 274 ст. 2 издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка.
Имено, пријавените во текот на јануари 2023 година извршиле злоупотреба на платежни картички (purchase refund fraud) издадени од банка во РС Македонија на начин што користеле активни странски компании (со физички или виртуелен терминал) преку кој се иницирале неовластени авторизации за враќање средства (refund), а кои трансакции кај банката не се испраќале како трансакција за книжење, па според тоа немало влијание на реални трансакции на продажното место, но, на друга страна, нереално се зголемувала состојбата на сметката на платежната картичка што се користи за трансакцијата за износот на направената рефундација.
На тој начин пријавените како корисници на платежни картички ги користеле овие средства за сопствени потреби и неовластено стекнале противправна имотна корист во вкупен износ од 10.719.807 денари и за овој износ ја оштетиле банката издавач на платежните картички.