И денеска сончево и многу топло време

Сончево и многу топло со максимални температури до 42 степени е денешната временска прогноза, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

-Максималната температура ќе достигне од 36 до 42 степени. УВ индексот ќе изнесува 10. На некои места во попладневните часови ќе има умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд, велат од УХМР.

Во Скопје, пак, времето ќе биде сончево и многу топло, минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната температура ќе достигне 41 степен.

И следните денови, според прогнозата на УХМР ќе биде сончево и топло со максимални дневни температури над 30 степени, а на некои места ќе надмине и 40 степени.

До петок ќе биде активно портокалово ниво за опасност од високи температури, а за време на викендот, особено во сабота во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура постепено ќе опаѓа.

Претходна вестПриведен охриѓанец поради уцена и изнуда
Следна вестДелови од Скопје без струја и вода