Македонка загина во сообраќајка кај Лесковац, со фамилијата се враќале од одмор во Словенија

Во страшна сообраќајка кај Лесковац едно лице загина, а четворица се повредени.

Несреќата се случила, како што неофицијално се дознава, кога возачот изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната шина, која потоа влегла низ возилото.

Во несреќата загинала сопругата на возачот која се наоѓала на совозачкото седиште, а покрај него се повредени и нивните две деца и една постара жена.

Станува збор за семејство од Македонија кое се враќало од одмор во Словенија, објави 192.рс.

На овој дел од автопатот има голем сообраќаен метеж.

Претходна вестДали Мицкоски патувал за Вашингтон во луксузна бизнис класа со карта од над 4.000 евра, прашуваат од СДСМ
Следна вестКрах на ИТ системите во светот: Откажани летови, парализирани финансиски системи и медиуми