Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Унгарија во моментов претседава со ЕУ, а Орбан во втората половина од годинава е и претседател на Советот на Европската Унија.

Премиерот Христијан Мицкоски, како што информира владината прес-служба, в петок ќе оствари официјална тет а тет средба со неговиот унгарски колега во премиерската вила во Охрид, а во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација.

Во петок ќе се одржи и заедничка меѓувладина седница во хотелот Инекс Олгица во Охрид, а по завршувањето на  седницата на истата локација се очекува прес-конференција да одржат двајцата премиери.

Претходна вестБизарен гол во 91. минута ги збуни и судиите, Силекс на драматичен начин го победи Вардар
Следна вестМакедонската армија ќе добие 13 милиони евра помош од ЕУ