Возачот и внукот на заменик министерот за култура приведени

Вербална расправија со полицијата е причина за приведувањето на возачот и внукот на возачот на заменик министерот за култура. Тие се приведени во полициската станица во Тетово. Откако полициските службеници го сопреле возилото на внукот, тој се јавил да се жали па дошол и возачот на Седат Сулејмани да интервенира. Според МВР, тие ја попречиле работата на полицијата и им ја загрозиле безбедноста па биле приведени, а со нив и уште едно лице.

-На 24.09.2024 година во 21:45 часот на улица ,,Илинденска” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово поради загрозување на сигурност и спречување на службено лице во вршење на службени дејствија ги лишиле од слобода Н.М.(40) А.К.(35) и И.Ф.(33) сите од Тетово. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Откако во јавноста излегоа информации, дека и заменик министерот за култура Седат Сулејмани, бил завчера вечер пред полициската станица, тој за Сител демантира- вели бил во кафулето пред полициската станица во Тетово. Се интересирал што се случува со неговиот возач, но не интервенирал и не го оправдувал неговото однесување.

Јавен обвинител треба да одлучи дали за тројцата приведени што се расправале со полицијата и ги попречиле во работата ќе има прекршочни или кривични пријави.

Претходна вестВрсници претепале 17-годишно момче кај скопската гимназија „Никола Карев“
Следна вестМисајловски во Пентагон: изразено задоволство за подготвеноста за справување со предизвиците како членка во НАТО Алијансата