Четирите најавени локомотиви од “Србија Карго” пристигнаа во Македонија и веднаш ќе бидат ставени на располагање и во функција на “Македонски железници” кои ги изнајмија, објави Иван Стоилковиќ, заменик премиерот од Демократската партија на Србите во Македонија.
-Станува збор за четири локомотиви за товарен сообраќај што ќе бидат од суштествено значење за непречено фунционирање на товарниот сообраќај низ Македонија, преку Србија, до земјите од Европската Унија. Договорената соработка е од големо значење не само за двете железнички компании туку и за севкупната регионална соработка по коридорот 10 која не само што ќе го зголеми капацитетот на транзитниот сообраќај, туку и приходите, во пресрет на се поголемата побарувачка на теретниот транспорт. За ликвидноста на Македонски Железници и сочуваните работни места со реализација на овој проект во некој друга прилика, напиша тој.
Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки „Србија Карго“ и Железниците на Република Северна Македонија – Транспорт потпишаа Договор за привремен закуп на четири електрични локомотиви од серијата 461, со што се воспостави стратешка соработка меѓу двете државните железници од областа на железничкиот транспорт на стоки.