Градот Скопје ќе дава субвенции до 4.000 денари за купување велосипеди, објавен јавен повик

Објавен е јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување велосипеди во 2024 година

Град Скопје распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните од подрачјето на Скопје за купување велосипед, во максимален износ до 4.000 денари по лице со вклучен данок на личен доход.

Апликации за учество на јавниот повик може да се доставуваат до 31 октомври 2024 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот.

Јавниот повик со условите за аплицирање, како и сите потребни документи кои треба да се достават се достапни на линкот – https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/

Претходна вестКлековски: Злоупотреби има во цело јавно здравство, ги прибираме доказите
Следна вестВладата ќе работи спортските канали да се емитуваат на македонски, албански и другите јазици