Состојба на патишта: Сообраќајот на дел од патиштата се одвива по влажни коловози

Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека сообраќајот на државните патишта во западниот дел од државата се одвива претежно по влажни коловози, а во источниот дел по суви коловози.

Внимателно возење се препорачува низ котлините, речните долини и клисурите каде има можност за појава од одрони.avt

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна утринава нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември започна и законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, снег паѓа во Крушево, а слаб снег провејува во Петровец и Тетово, додека засилен ветер дува во Штип. Од ноќва се очекува умерен, а долж Повардарието засиелн северен ветер кој ќе надминува и брзина од 70 километри на час.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: СДС во недостаток на идеи, си најде партнер за насилство во Левица и пудлицата Апасиев
Следна вестИлон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари