Фрлена бомба во близина на општинската зграда во Звечан, Косово

Синоќа нешто пред полноќ е фрлена експлозивна направа во близина на општинската зграда во Звечан, нема повредени, а причинета е материјална штета, изјави заменик командирот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.

Тој за Танјуг изјави дека најверојатно се работи за рачна граната М-75.

-Нанесе штета на општинската зграда, како и на четири автомобили кои беа паркирани во близина на општинската зграда, рече Ељшани.

Тој додаде дека нема повредени или осомничени, а косовската полиција работи на расветлување на овој случај.

Претходна вестМакедонија со пораз од Шведска стартуваше на Европското првенство 2024
Следна вестЈавно обвинителство: Преземаме дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме