Штипскиот театар вечерва од 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Јас, на некое друго место“, праизведба на текст на Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Јован Ристовски.
-Претставата е работена на текст на Ристоска-Трпеноска врз основа на оригинална приказна и претставува комедија која завршува трагично. Станува збор за жена, мајка на две деца, која постојано е под притисок од сите страни, најмногу од општеството и за да ги спаси од суровиот свет, на крајот се одлучува за најморбидното, вели режисерот Ристовски, на кого ова му е трета соработка со ансамблот на Штипскиот театар.
Во сите три претстави играат Пеце Ристевски, Миле Вратеовски, Ефтим Трајчов-Ѓаурски, Марија Минчева-Андонов, Стефанија Митовска, Елена Шорова-Дербов, Анѓелка Нашкова и Ава Хусеини, а сценографка е Марта Дојчиновска.