Автомобил удри во метален столб во Капиштец, дел од населбата неколку часа немаше струја

Автомобил со велешки таблички удри во метален столб, доцна синоќа во скопската населба Капиштец. Од ударот биле оштетени и неколку други возила од околината, а дел од населбата немаше струја некое време.

Дел од медиумите говорат и за повредени лица, но оваа информација се уште не е потврдена ниту демантирана. Нејасно е со колкава брзина си движело возилото и како завршило во металниот столб.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека сообраќајката се случила, а официјални информации најавија за денеска.

Претходна вестЌе воведе ли Владата полициски час од четврток вечер до понеделник за Скопје, Куманово, Штип…?
Следна вестСо звуците на Нина Спирова „прошетајте се“ низ „Скопје 1973 година“