Починале 8 пациенти од вирусот во Македонија. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравство преку Фејсбук.
Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19. По градови во:
-Скопје 90, Куманово 17, Дебар 6, Штип 9, Прилеп 3, Тетово 12, Струга 12, Битола 2
, Охрид 4, Кавадарци 2, Гостивар 5, Струмица 2, Радовиш 1, Крушево 1, Пробиштип 3, Демир Хисар 1, Свети Николе 24, Кичево 3 и Ресен 2 лица.
Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица.
Досега во земјата се направени вкупно 76.107 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 7975, бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519.