Не очајувајте, другари, долг е патот на борбата! Со овие зборови, пред малку, професорот Димитар Апасиев го започнал своето кратко обраќање преку Фејсбук.
-Мојот земјак, велешанецот Панко БРАШНАР беше жив сведок на двата Илиндена (1903 и 1944). Илинденското востание не успеа, но четири децении подоцна – АСНОМ успеа. Тој го отвори со својот племенит говор…
Таму, во манастирот Прохор Пчињски 1944 – писар му беше Киро ГЛИГОРОВ. Четири децении подоцна, тој ни ја честиташе „суверена, самостојна и независна Република Македонија“
Ноќеска им го пробивме системот!
Пенетриравме во законодавната власт – сами, со сопствени сили. На наредни избори (кои пак ќе бидат предвремени) Левица ќе има двоцифрен број пратеници. И се така, додека не го добиеме мандатот да формираме влада. Оти, Господ ги чува „будалите“.
p.s. Денес ќе имаме прес, ќе ги изложиме сите наши ставови.
ГЛАВАТА ГОРЕ.
И покрај сите кражби на гласови, ги изреметивме!
И тек сега почињаме, напишал Апасиев, чија партија „Левица“ како што наведува ДИК освоила два пратеничка мандата.