Граѓаните на возраст од 30 до 39 години биле најзастапени меѓу новозаболените од корона вирусот во периодот од 31 август до 6 септември, покажала неделната анализа на Институтот за јавно здравје. Во овој период имало 174 заболени на таа старосна возраст (22 проценти), а веднаш до оваа група се лицата на возраст над 60 години, нив 172 или 21,8 проценти. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасната група од 40-49 (17 проценти), 50-59 (16,3 проценти) и 20-29 (14,9 проценти).
-Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (2,8 проценти) и 10-19 години (5,1 отсто), се наведува во анализата.
Инаку, вкупно биле регистрирани 790 нови позитивни случаи од 32 градови во државата што е зголемување од 18,9 проценти во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (28 проценти). Во истиот период, во 17 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.
Од вкупниот број на нови случаи, 237 (31,3 проценти) имаат контакт со потврден случај, а регистрирани се 29 лица со историја на патување (во последни 14 дена).
-Во овој период пријавени се 20 смртни случаи од 13 градови што претставува намалување од 42,9 проценти во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 16 лица биле над 60 години, по 2 на возраст од 50-59 и 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години. Од починатите 15 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 17 починати лица, се наведува во анализата на ИЈЗ.