На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 222 санкции, меѓу кои 60 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, соопшти денеска МВР.
-Изречени се 17 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 23 мерки за возење без возачка дозвола и два мотоциклисти, како и 29 мерки за непрописно паркирање, едно привремено одземено возило и 26 казни за неносење на заштитна маска, информира полицијата.
Од МВР потенцираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. До граѓаните се апелира да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот.