Речиси половина од сите активни случаи на корона вирусот во Македонија се на скопското подрачје каде вкупната бројка во изминатово деноноќие стаса до 3.551 случај. Ова најмногу се должи на новоинфицираните 353 граѓани за кои вчера информираше Министерството за здравство од вкупно 628 случаи во целата земја.
Секој шести активен случај отпаѓа на општина Аеродром – вкупно 661 – а со што таа и натаму е најголемо жариште на ширењето на опасниот вирус. Зад неа, како и досега, се општините Карпош – 541, Центар – 508 и Гази Баба – 460 и Кисела Вода – 432. Нешто помалку активни случаеви имаат Ѓорче Петров – 299, Чаир – 169 и Бутел – 168.
Значително помалку слуачеви на скопското подрачје има во Илинден – 61, Сопиште – 31, Шуто Оризари – 29, Сарај – 27, Петровец –21, Чучер Сандево – 19, Зелениково – 9, Арачиново – 8 и Студеничани – 8. Нераспределени има 80, додека пак бројот на странци е 20.