Годинава нема да се одржи „Мучуринската средба”, која традиционално се одржува на 14 јануари, на православниот празник Свети Василиј поради ситуацијата со Ковид-19. Наместо средба ќе се организира хуманитарна акција, со делење пакети со храна за загрозените категории на граѓани кои живеат во населбата Мичурин и Општина Аеродром.
Од Одбор за организација на „Мичуриската средба” информираа дека нивната програма ќе почни со литургија утре напладне во црквата „Пресвета Богородица” со почеток од 12 часот.
-По повод претстојниот православен христијански празник Св. Василиј или познат кај нас како Василица, поради пандемијата Ковид 19 претседателот Георги Гаштаров и организацискиот одбор на традиционалната Мичуринска средба донесе одлука да не се организира пречекот на Стара Нова година. Целта на хуманитарната акција е задржувањето на традицијата на „Мичуринската средба”, која ќе продолжи и понатаму со годините кои се пред нас, соопштија од одборот.