Во изминатите 24 часа, во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупниот број на оние кои се лекуваат или се сомнителни на ковид -19 е 245 лица.
Најмногу од новопримените – 10 се во ГОБ „8 Септември“. Исто така, во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравен пациент.
Вкупниот број на болнички згрижени пациенти со ковид во Македонија е 579.
Од Министерството за здравство оценуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен.