Преиначена судската одлука, за сообраќајка кај „Млечен“ возачот ќе оди во затвор

Возачот која ја предизвика тешката сообраќајна несреќа со смртни последици кај „Млечен ресторан“ во 2018 година и првично беше осуден на условна казна, сепак ќе оди во затвор од две години. Вака решил Апелацискиот суд откако ја преиначил првостепената пресуда. 

Веста за пресудата синоќа ја соопшти министерот за правда Бојан Маричиќ во настапот на ТВ24.

Денес дознав дека Апелацискиот суд донел одлука со која ја преиначи одлуката за случајот „Сообраќајката кај Млечен ресторан“ и дал 2 години ефективен затвор и две години забрана за управување со моторно возило. Не знам дали е точно, ќе потврдат, информацијата неофицијално ја добив од луѓе кои се информирани, изјави Маричиќ.

По ова се огласи и самата сопруга на загинатиот возач.

Бескрајна благодарност до сите. Правда за Гоце. Правда за мене. Правда за нас. Апелацискиот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај Млечен ресторан и одлучил Васил да оди две години во затвор и две години да не управува патничко моторно возило затоа што ми го одзеде најмилото. Но за мене нејасно останува како министерот за правда, како дел од извршната власт, јавно, на ТВ објавува, како што тој изјави, неофицијална судска одлука?, напиша на социјална мрежа Твитер сопругата Наташа Димитриевска.

Инаку, таа поднела преставки за работата на судијката и обвинителката кои го водеа случајот.

За потсетување, сообраќајката се случи во октомври 2018 година во Скопје во која загина Гоце Димитриевски (32), а неговата сопруга Наташа Димитриевска едвај преживеа и го загуби бебето. Против возачот кој ја предизвика сообраќајката беше покренато обвинение за тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот, кое тој пред судот го призна. Судот и обвинителството се сложија дека делото било од небрежност, а не со умисла.

Претходна вестЗаев е отворен за компромис околу матурата, ќе се согласи ли непопустливата Царовска?
Следна вестПациент се фрлил од ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ и починал