Собранието денеска повторно не успеа да обезбеди кворум за го утврди дневниот ред за 34 седница, бидејќи тројца пратеници од владејачкото мнозинство се позитивни на корона вирусот.
– Во четвртокот минатата недела утврдивме дека денешниот ден ќе биде ден за гласање на точките коишто поминале на расправа. За жал, морам да констатирам дека од мнозинството се присутни 59 пратеници. Тројца пратеници се спречени да учествуваат на оваа седница затоа што се заразени со корона вирус. Двајца од нив добиле одлука за изолација, бидејќи се позитивни на ковид-19, а третиот пратеник, кој има симптоми, очекува резултати, објави претседателот на Собранието Талат Џафери.